декодира (св. и несв.)
Ја декодира психичката поставеност на едноумието...?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Наполно сум сигурна дека госпоѓата Лејбовиц, таинствената дама на која ѝ е посветена Твојата последна книга деветтата книга од Твојот балкански серијал што продолжува решила да Ти пишува токму затоа што ја почувствувала и среќно ја декодирала токму неискажливата димензија на Твоето авторско писмо: неговата имплицитна тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како културна практика, машката хомосексуалност подразбира својствен начин на примање, претолкување и преупотреба на главнотековната култура, својствен начин на декодирање и рекодирање на хетеросексуалните или на хетеронормативните значења што се веќе кодирани во таа култура, со што почнуваат да дејствуваат како носители на геј- или на очудено значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кој да ѝ ја открие оваа светлина, да ја декодира од нејзиниот меланхоличен поглед на очите?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Или во несвесниот проблесок во за-зен техниката, во песната „Сатори”, или пак во сосема промислената арс – поетичка минијатура „Посегнав по светови други”, каде „двата паралелни универзува во осмози”, ја декодираат амбивалентната дилема и ја тераат до финалната поента:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)